1МФЛ: „Пандевци“ ја совладаа Шкендија, ѓорчепетровци во финишот до бод против Шкупи

академија пандев
„Пандевци“ нема да се откажат во двомечот со Лехија Гдањск/Фото: facebook/ФК Академија Пандев

Денеска се одигра 31 коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) во кое на дербито Академија Пандев триумфираше над Шкендија со 4:2.

Поведоа „пандевци“ со 2:0 преку Бихорац во втората и Илиев во 23 минута од пенал. Непосредно пред паузата за тетовските „црвено-црни“ намали Кривак.

Во вториот дел домаќините постигнаа уште два гола преку Илиев кој повторно беше прецизен од пенал овојпат во 63 минута и Горгиев во 79 минута. Гостите го ублажија поразот во 83 минута од пенал кој го реализираше Гури.

Со истиот резултат славеше и Скопје против Пелистер, иако битолчани водеа од 10 минута со голот на Ричков. Следуваше пресврт скопјани со погодоците на Хајдари во 11, Десниќ во 13 и Јанакиевски во 37 минута.

Иако домаќинот од 44 минута играше со фудбалер помалку поради двата жолти картони на Јола Зепата, ја зголеми позитивата во 49 минута со голот на Божиноски. Конечниот епилог го постави Маневски во 57 минута.

Работнички со 2:1 беше подобар од Борец, „романтичарите“ стекнаа предност пред крајот на првото полувреме (45+2`) кога прецизен од белата точка беше Станковски.

За велешани израмни Ѓорѓевиќ (75`), а триумфот на скопскиот клуб го донесе Ристовски во 96 минута.

Немаше победник на мечот меѓу новиот шампион Шкупи и Македонија ЃП (1:1), Куевен стрелаше за водство на чаирчани во 58 минута, а за ѓорчепетровци бод Адем обезбеди во 98 минута од пенал.

Ренова со голот на Селмани славеше кај Тиквеш, а Струга Трим Лум со 1:0 ја совлада Брегалница Штип, стрелец беше Кочоски (90+2`).

1МФЛ, 31. коло, резултати –

Академија Пандев – Шкендија 4:2
Скопје – Пелистер 4:2
Работнички – Борец 2:1
Шкупи – Македонија ЃП 1:1
Струга Трим Лум – Брегалница Штип 1:0
Тиквеш – Ренова 0:1

Табела: Шкупи 71 бод, Шкендија 59, Академија Пандев 58, Македонија Ѓорче Петров 56, Брегалница Штип 42, Струга Трим Лум 40, Ренова 39, Работнички 37, Тиквеш 31, Скопје 29, Борец 21, Пелистер 11.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот