Фото: Тетово инфо / скриншот

19-годишен скопјанец палел кабли во Тетово, уапсен е за предизвикување пожар

Денеска околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата „Маршал Тито” во Тетово, информираат од полицијата.

На надвозникот, преку кој води и сервисна улица кон „Палма мол“ на излезот од градот кон Скопје, има голема дива депонија на која граѓани секојдневно истураат секаков отпад. На само стотина метри од ова место се наоѓа локацијата на поранешната огромна дива депонија покрај силосите за жито на компанијата „Жито полог“, која беше исчистена пред неколку години.

„Со интервенција од тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветна пријава“, информираа од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот