18-годишно момче добило убодна рана на новогодишна прослава

мвр зграда
Принтскрин

Осумнаесетгодишник од Кавадарци се здобил со убодна рана, за време на новогодишните празници, за МИА потврдуваат од МВР.

-Денеска  во 05.45 часот во Полициска станица Кавадраци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци бил донесен Ѓ.Ј.(18) од Кавадарци, со убодна рана. По првичните информации Ѓ.Ј.,  со повредата се здобил при прослава на Новогодишните празници во стан на ул. „Вељко Влаховиќ” во Кавадарци, појаснуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот