16 лица возеле без возачка дозвола низ Скопје, 58 возачи добија казна за брзо возење

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Во текот на вчерашниот ден во контролите извршени во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции.

Како што информира МВР, изречени се 16 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот