158 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 брзо возење

Фото: denesen.mk
МВР во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 57 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот