15.000 Украинци ќе одат на воена обука во ЕУ, пишува „Шпигел“

Украинска војска EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Земјите-членки на Европската Унија се согласиле да организираат воена обука за 15.000 Украинци што е можно поскоро, објави онлајн изданието на германски „Шпигел“, повикувајќи се на свои, неименувани извори од ЕУ.

Според планот, за кој ќе се преговара во Брисел следната недела, Полска ќе добие средства од ЕУ за формирање на седиштето, додека некои делови ќе се одвиваат во други земји од ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во август изјави дека Берлин ќе обучува украински војници, додека Данска најави дека ќе поддржи проект за обука на 130 војници предводен од Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот