10 ГОДИНИ ИВАНОВ: Солзи, гафови и револуција (ВИДЕО)

Претседателот Ѓорѓе Иванов, по десет години мандат, на 12 јуни ќе ја напушти претседателската резиденција на Водно. Него ќе го наследи новоизбраниот претседател, Стево Пендаровски.

Иванов е еден од најкритикуваните претседатели досега. Некои го сметаа за херој и патриот, некои за предавник и олицетворение на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот некогашен лидер, Никола Груевски. Неговиот потег, да ги аболицира сите обвинети, претежно функционери на ВМРО-ДПМНЕ, опфатени со „бомбите“ за кои СЈО отвори предмети, беше клучен момент за старт на „Шарената револуција“ која направи историски преврат на македонската политичка сцена. Со оваа револуција, се стави крај на режимот, како што некои го нарекуваа, на Никола Груевски.

Иванов ќе остане запаметен по се освен по тоа дека беше татко на нацијата. Тој исто така, беше и еден од најизолираните македонски претседатели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот