Хуманитарецот Мата: Нашиот сон е секој фудбалер да донира еден процент од својата плата за сиромашните

EPA-EFE/BALLESTEROS

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и член на шпанската репрезентација освен со настапите на фудбалските терени е активен и надвор преку разни хуманитарните активности. Тој ја покрена хуманитарната иницијатива „Common Goal“ (заедничка цел) со која се заложува сите професионални фудбалери да донираат барем по еден процент од своите примања во хуманитарни цели. Според Шпанецот, фудбалот е како балон и играчите уживаат големи привилегии, што не е реалниот, вистински живот.
– Фудбалот ми даде многу работи, но три се најважни. Прво, можам да го направам моето семејство среќно. Среќен сум и поради себеси но повеќе поради нив. Второ, фудбалерот е еден вид на платформа, и да не сум фудбалер сега не би зборувал за Би-Би-Си вака слободно да ги поделам своите идеи со милиони луѓе. И третото е времето, фудбалот ми даде време да донесам одлука околу својата иднина, а тоа не го можат многу луѓе – вели Мата во интервјуто за Би-Би-Си.

Мата во интервјуто за англиската телевизиска куќа зборуваше и за неговата страст кон фондацијата „Common Goal“, која ја основа како повик фудбалерите да бидат генератор на социјални промени и да ги подобрат животите на другите луѓе на планетата.

– Таа фондација дава поинаков пристап на фудбалот. Моќта која ја има фудбалската игра може да ги обедини луѓето како ништо друго. Го основавме овој проект и навистина сме среќни како напредува, за помалку од две години ни се приклучија 70 фудбалери и многу големи компании, клубови, федерации кои сакаат да им помогнат на сиромашните ширум светот. Поважно од самата фондација е рефлексијата, размислувањето околу тоа што секој од нас може да направи како би се постигнал некаков баланс во светот. Нашиот сон е сите фудбалери да донираат 1% од своите примања во хуманитарни цели. Мислам дека е возможно, кога нешто навистина сакаш и имаш чувство дека многу луѓе се согласуваат со твојот став, тогаш успехот е загарантиран – објаснува Мата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот