Зверев со пресврт до полуфиналето на УС Опен! (ВИДЕО)

Александер Зверев се наоѓа во одлична форма/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Германскиот тенисер Александар Зверев е првиот полуфиналист на грен слем турнирот „УС Опен“, откако во четвртфиналето го совлада Борна Чориќ од Хрватска со 3:2 во сетови.

Зверев иако убедливо го загуби првиот сет со 6:1, ги освои наредните три со 7:6 (5), 7:6 (1) и 6:3.

По вторпат во неговата кариера Германецот ќе игра во полуфинале на грен слем турнир, првпат во Њујорк, САД, откако претходно до истата фаза дојде на „Австралија опен“ во јануари.

Седмиот играч во светот за пласман во големото финале ќе игра со подобриот од пресметката Пабло Карењо Буста-Денис Шаповалов.

Втората полуфинална двојка во машка конкуренција ќе се комплетира после одигрувањето на четвртфиналните мечеви: Данил Медведев-Андреј Рубљов и Доминик Тим-Алекс Де Минаур.

УС Опен: Најдалеку до осминафинале, а сега е полуфиналистка без загубен сет!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот