Зошто смртта на Али Лариџани може да го потресе режимот во Техеран повеќе од убиството на ајатолахот Хамнеи?
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека Али Лариџани е една од најискусните и високо етаблираните личности во раководството на иранскиот режим откако објавија дека иранскиот шеф за безбедност е убиен во напад на израелските сили.
Препорачано
По атентатот врз врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи, ИДФ тврдат дека Лариџани функционирал како лидер на иранскиот режим и ги водел неговите борбени операции против Израел и соседните земји, објавува Н1.
Израелската војска, исто така, го поврза Лариџани со репресијата врз антивладините демонстранти во Иран, велејќи дека тој спроведувал насилни мерки на законот и операции за репресија врз граѓаните.
Во меѓувреме Иран сè уште не ја потврдил смртта на Лариџани, а државните медиуми објавија фотографија од рачно напишана порака за која тврдат дека тој ја доставил, а која била објавена и на неговите профили на социјалните мрежи.
Лариџани управуваше со Иранската револуционерна гарда
Наводното убиство на шефот на иранската безбедност Али Лариџани од страна на Израел може да биде исто толку значајно како и убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, изјави за Скај њуз аналитичарот за надворешна политика и автор Тим Маршал.
„Лариџани ја управуваше ситуацијата со Иранската револуционерна гарда. Мислам дека свештениците беа тргнати настрана – истакна тој.
Зборувајќи за објавувањето на рачно напишана белешка за која Иран тврди дека е од Лариџани која треба да ја побие неговата смрт, аналитичарот Маршал рече дека Техеран не доставил никаков дополнителен доказ дека Лариџани е жив.
„Лариџани беше оној кој се појави на телевизија 24 часа откако беше убиен покојниот врховен лидер“, рече тој.
Меѓу бројните прашања за статусот на новиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, Маршал рече дека Иран, исто така, не доставил доволно докази дека и тој е жив.
„Мислам дека најверојатно нешто лошо им се случило на двајцата“, рече тој.
Атентатот на Лариџани го отвора патот за контрола врз Иранската револуционерна гарда
Маршал рече дека смртта на Лариџани нема да биде пресвртница за смирување или деескалација.
„Тој е тврдокорен, но во исто време и прагматичен. Тој не е неодговорен екстремист. Ако него го нема, она што недостасува, според мене, е целосна контрола врз Иранската револуционерна гарда. Мислам дека свештениците навистина се тргнати настрана – посочува тој.
Инаку, Лариџани потекнува од многу богато свештеничко семејство и беше многу близок до покојниот врховен лидер. Тој беше една од последните врски со свештеничкото крило на владата на Иран.
Зборувајќи генерално за конфликтот аналитичарот, Маршал рече дека Израел и САД воено ја добиваат војната со уништување на Иран.
Но, стратегиски, ситуацијата е „отворена“, рече тој, бидејќи иранските закани кон бродовите во Ормускиот Теснец ги одржуваа цените на нафтата високи.
Цената на нафтата од типот Брент повторно достигна 100 долари за барел


