Фото: Слободен печат

Зошто бегаат странските работници од земјава и што е ХОББ и како се лекува? Утре во „Слободен печат“

Што ќе значат измените во Законот за основно образование, но и што треба да направи еден граѓанин доколку биде жртва на дискриминација? Во утринската емисија „Слободен печат“ гледајте го интервјуто со Игор Јадровски – член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Дваесетти ноември е Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Во Македонија висок е процентот на луѓе болни од ХОББ. Многу луѓе не се ни свесни дека се болни од ХОББ. За тоа кои се симптомите, како се лекува оваа болест, со што се соочуваат болните и на кој начин можеме да се заштитиме, зборуваме со доц.д-р Зорица Нановиќ.

Дефицитот од работна сила на македонскиот пазар на труд се надополнува со увоз на странски работници во одредени стопански гранки. Владината стратегија до 2044 година предвидува потреба од голем прилив на странски работници во наредниот период. За тоа како доаѓаат, во кои услови живеат и работат и зошто не остануваат на работните места во Македонија разговараме со м-р Кире Василев, експерт за труд, социјални движења и развој.

И за крај разговор со Ѓоко Зафировски од група „Нема лабаво“ за новиот албум „Памти па врати“.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот