Зои Кравиц поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Карл Глусман

Instagram

Годината што помина беше навистина предизвикувачка, како за обичните луѓе така и за познатите холивдуски ѕвезди.

По нешто повеќе од една година брак со актерот Карл Глусман, Зои Кравиц наводно поднела барање за развод од нејзиниот сопруг, актерот Карл Глусман, на 23 декември, пренесува „Пипл“.

Instagram
Instagram

Двајцата актери почнале да се забавуваат уште во 2016 година, а својата љубовна врска ја потврдија во јавноста во октомври истата година. Во февруари 2018 година ја објавија нивната свршувачка и се венчаа на 29 јуни 2019 година со церемонија во Париз.

Instagram
Instagram

Иако никој од актерите јавно не ги потврди гласините за нивната разделба, сепак странските медиуми продолжија да ја анализираат нивната активност на социјалните мрежи.

На инстаграм – профилот на Кравиц сè уште има нивни заеднички фотографии, вклучувајќи ја и објавата за годишнината од нивната венчавка, како и други среќни моменти.

Instagram
Instagram

Додека пак актерот Глусман, во меѓувреме, ги избришал сите нивни заеднички слики што јасно укажува на фактот дека нешто сериозно и непоправливо се случува меѓу нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот