Знак што се појавува во текот на ноќта може да предупреди на срцеви болести

несоница
Фото: Профимедиа

Освен што влијае на нашето здравје, спиењето може да биде и показател за нашето здравје.

Сонот е неопходен за здравје и благосостојба. Недостатокот на сон или на квалитетен сон во текот на ноќта може да нè направи изморени и неспособни да функционираме како што треба, пишува „Дејли стар“.

Ако несоницата потрае извесно време, тоа го зголемува ризикот од неколку здравствени проблеми, како што се дијабетес и мозочен удар. Исто така, може да ја зголеми веројатноста да се здебелиме или да страдаме од депресија.

Освен што влијае на нашето здравје, сонот може да биде и показател за нашето здравје. Во некои случаи, лошиот сон во текот на ноќта може да укаже на апнеја во сонот. Но, според „УКЛА хелт“ (UCLA Health), проблемите со спиењето, исто така, можат да бидат и знак за срцеви болести.

Некои симптоми можат да ни помогнат да спречиме многу здравствени последици, а кога станува збор за „кардио алармот“, не чекајте да се појави некој друг пат за да бидете сигурни дека нешто навистина се случува, туку веднаш побарајте лекарска помош.

– Срцевите болести можат да влијаат на вашата способност за спиење на суптилни начини. Луѓето со конгестивна срцева слабост (инсуфициенција) често имаат проблеми да заспијат, а тоа се случува поради отежнато дишење (краток здив) предизвикано од болеста – објаснува „УКЛА хелт“.

Недостатокот на здив често се влошува кога лежите. Медицинските термини за овие тегоби се ортопнеја, отежнато дишење во лежечка положба и пароксизмална ноќна диспнеја, будење од сон со чувство на недостаток на воздух.

Ако го почувствувате овој симптом, може да се посомневате дека страдате од несоница, што доведува до тоа да не се лекува основната причина. Други знаци на срцеви болести вклучуваат болка во градите и отежнато дишење (краток здив).

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот