Значително опаднал прометот во индустријата

Државниот завод за статистика објави дека прометот во индустријата во декември во однос на истиот месец во 2023 година, е намален за 11 проценти.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајните производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарните производи, освен енергија за 1.8 % и кај Капитални производи за 26.2 %.

Прометот во индустријата декември во однос на ноември 2024 година, бележи пад од 12.8 %, додека од јануари до декември лани во однос на истиот период од 2023, намалувањето е 10.8 %.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, е намален за 0.9 %. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %.

Во декември, пак, во споредба со ноември 2024 година, има раст од 3.4 %, додека во периодот јануари-декември во однос на истиот период од 2023 година, е евидентиран пад од 2.0 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот