Зидан нема дилеми: Бензема ја заслужува Златната топка

Зидан му беше тренер на Бензема во Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Легендарниот француски фудбалер и човек кој до минатата сезона седеше на клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека напаѓачот на „кралевите“ Карим Бензема заслужува да ја добие Златната топка за фудбалер на годината.

– Карим се наоѓа во одлична форма. Би му ја дал Златната топка, целосно ја заслужува оваа награда. Тој е неверојатен фудбалер и имав голема чест да соработувам со него. Тој правби се на теренот и се надевам дека ќе биде награден со Златната топка  – изјави Зидан.

Реномираниот магазин „Франс фудбал“ неодамна ја објави листата од 30 имиња кои ќе конкурираат за престижната награда, а друг француски медиум „Лекип“ издвои петмина фудбалери кои ќе се најдат во финалната борба за трофејот, тоа се Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Роберт Левандовски и Жоргињо.
Свечената церемонија на доделување на наградата ќе се одржи на 29 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот