ЖРК Пелистер прими 50 голови во Челинџ купот!

facebook.com/ЖРК-Пелистер

По договор на двата клуба двомечот од третото коло во европскиот Челинџ куп се игра во Србија, а веќе уште по првиот натпревар се знае патникот во наредната фаза.

Македонскиот женски ракометен клуб Пелистер загуби убедливо од Зајечар со резултат 50:20 (26:7), па така се очекува реваншот в сабота да биде само чиста формалност.

На денешниот натпревар битолчанки кои не поведоа ниту еднаш водеа рамноправна битка барем во првите 10. минути.

Најпрвин израмнија преку Белевска на 1:1, па намалија на 3:2 и 5:3, а потоа на теренот како да играше само една екипа. Српскиот претставник направи голема серија од 12:1 што се покажа како клучно за дебаклот на ЖРК Пелистер.

Во редовите на битолската екипа Моника Талевска шестпати се запиша во листата на стрелците, два помалку запиша Драгана Милосављевиќ. На спротивната страна 12 погодоци беа дело на Јана Милошевиќ, а 10 забележа Јована Богојевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот