„Жолтите елеци“ повторно протестираат во Франција

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Повторно хаос во Франција откако полицијата интервенираше со удари и солзавец врз ,,Жолтите елеци“ кои денеска повторно протестираа против политиката на претседателот Емануел Макрон.

Макрон пред два дена вети реформи вредни 5 милијарди евра коишто ќе бидат финансирани преку укинување на даночните олеснувања, продолженото работно време и намалената јавна потрошувачка.

По неговото ветување, „Жолтите елеци“ денеска излегоа низ улиците на Франција по 25. недела по ред и ги протестираа политиките на Макрон.

Во Стразбур се собраа околу 2 000 демонстранти , кои сакаа да одржат симболичен марш пред зградата на ЕП, каде што полицијата ги спречи со удари и солзавец а протести беа одржани и во другите градови на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот