„Живеела во фантазија“: Актерката Сачин Литлфедер лажела за своето потекло?

Фото: Сачин Литлфедер и Марлон Брандо Фото: Printskrin/Wikimedia Commons/Profimedia

Сачин Литлфедер, актерката која излезе на сцената на доделувањето на Оскарите во 1973 година за да објасни дека актерот Марлон Брандо не сакал да ја прими наградата поради начинот на кој Индијанците се прикажувани во филмовите, наводно го лажирала своето индијанско потекло, пренесува магазинот „People“.

Оваа информација ја открија нејзините сестри Розалинд Круз и Труди Орланди набргу откако Сачин почина.

„Тоа е лага. Татко ми беше тој што беше. Неговото семејство дојде од Мексико, а татко ми е роден во Калифорнија. Тоа е лага. Одвратни лаги за наследството на луѓето и племето, навреда за родителите“, изјавила Труди една од сестрите на Сачин.

Сестрите, исто така, ги негираа тврдењата за лошо детство и злоупотреба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Pennacchio (@abc7george)

„Таа претпочиташе да се преправа дека е некој друг. Мојот дедо Џорџ беше алкохоличар, но татко ми никогаш не пиеше и не пушеше. Сачин зборуваше дека е ментално болен. Тоа не е вистина. Таа живееше во фантазија и умре во неа. Сачин не се сакаше себеси. Едноставно не ѝ се допаѓаше да биде Мексиканка и претпочиташе да се преправа дека е некој друг“, сподели Орланди.

За потсетување, Сакин почина на почетокот на октомври оваа година. Таа боледуваше од рак на дојка. Литлфедер, која исто така беше активист за граѓански права, најмногу ќе остане запаметена по нејзиниот моќен говор на доделувањето на Оскарите во 1973 година, за што со децении беше прогонувана од Академијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Letterboxd (@letterboxd)


Таа година, водителките на Оскар, Лив Улман и Роџер Мур објавија дека Марлон Брандо го добил Оскарот за најдобар актер за неговата улога како Вито Корлеоне во „Кум“. Сепак, на сцената не се појави актерот, туку младата актерка Сачин Литлфедер, која во негово име ја одби статуетката.

Сачин одржа едноминутен говор на сцената за стереотипите и малтретирањето на американските Индијанци во забавната индустрија и масакрот во „Wounded Knee“ во Јужна Дакота.

ВИДЕО | Холивуд по 50 години ѝ се извини на Индијанката која беше исвиркана на Оскарите

ВИДЕО | Холивуд по 50 години ѝ се извини на Индијанката која беше исвиркана на Оскарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот