Напад со дронови на Дубаи - Извор Х

Жителите на Дубаи се повикани во засолништа поради ракетна закана

Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати издаде предупредување за потенцијална ракетна закана и ги повика граѓаните да побараат засолниште, објавуваат странските медиуми.

„Поради моменталната ситуација, потенцијалните ракетни закани, веднаш побарајте безбедно место во најблиската обезбедена зграда, држете се подалеку од прозорци, врати и отворени простори. Почекајте дополнителни инструкции“, се наведува во известувањето испратено до граѓаните на Дубаи преку СМС-порака, објавува „Галф њуз“.

Порано денеска, Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран дека користел дронови за напад врз празен танкер за сурова нафта во сопственост на државната нафтена компанија Абу Даби, додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.

Танкер е погоден од проектили кај Емиратите, не се знае кој е напаѓачот

Единицата за логистика на морска енергија на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC) објави дека танкерот со име „Барака“ бил празен кога бил нападнат од два дрона и дека нема повредени, објавува Ројтерс.

Иран ги блокирал повеќето неирански бродови да влегуваат и излегуваат од Персискиот Залив откако САД и Израел почнаа да го напаѓаат. Техеран се закани дека ќе нападне неовластени бродови додека минуваат низ теснецот, низ кој се транспортираат околу една петтина од светските пратки со нафта и гас, потсетува агенцијата.

ФОТО+ВИДЕО | Луксуз од сите страни: Како изгледаат бункерите во кои се крие елитата во Дубаи од иранските напади

ВИДЕО Нов бран напади: Погоден хотел во Дубаи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот