Македонска полиција/ Фото: Миа

Жител на с.Враништа за време на полициски час се обидел да им избега на полициските службеници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе предлог за издавање на казнен налог против едно лице од с.Враништа. Лицето е обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот не ја почитувал забраната за движење и за време на полициски час бил забележан пред Основното училиште во с. Враништа. Кога ги забележало овластените полициски службеници се дало, во бегство но по кратко време било сопрено.

Основното јавно обвинителство Струга со предлогот за издавање казнен налог побара од судот на обвинетиот да му биде изречена парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде 30 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот