Жител на ресенско починал во автомобил, му се слошило додека возел

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

На патниот правец Макази – Маркова Нога, на С.Е.(69) од ресенското село Асамати му се слошило додека управувал автомобил „Фиат Пунто” со охридски регистарски ознаки. Со возилото излетал од коловозот, по што починал.

Како што соопшти МВР, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Случајот бил пријавен во СВР Битола.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот