Жител на Добрево сам се застрелал додека ја чистел ловечката пушка
Четириесетгодишен жител од селото Добрево вчера сам се застрелал додека ја чистел ловечката пушка и притоа си направил прострелна рана, по што со брза помош е префрлен во болницата во Пробиштип.
Препорачано
„На 02.04.2026 околу 16:00 часот во ПС Пробиштип од Итната медицинска помош при ЈЗУ ‘Нада Михајлова’ во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од с.Добрево, пробиштипско, со прострелна рана. Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано ‘Чукар’, атар на с.Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето. М.Н. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони“, соопштуваат од МВР.
Според МВР, за настанот се известени од јавното обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


