Жестоки критики за Јувентус: Примаат смешни и срамни голови
Екипата на Јувентус веќе подолго време прикажува разочарувачки настапи под водство на Масимилијано Алегри и навивачите констатно критикуваат, меѓутоа клубот засега не реагира и Алегри останува на кормилото.
Препорачано
Новото разочарување за Јувентус пристигна вчера со поразот од Бенфика од 4:3 со кој тимот на Алегри доживеа елиминација од најелитното европско натпреварување. Бенфика водеше со 4:1 и комплетно ги надигра Италијанците, Јувентус во финишот постигна два брзи гола, а имаше прилика во тие кратки добри минути да го избегне поразот.
По овој натпревар критики за клубот од Торино пристигнаа од Паоло Ди Канио и Алесандро Дел Пиеро.
„Јувентус прима смешни и срамни голови. Целиот тим немаше внимание, не ви се потребни дефанзивци од светска класа за да спречат вакви голови. Бенфика многу лесно наоаѓаше простор и дупки во одбраната. Голема грешка е да се даде позитивен коментар за завршните 20 минути“, критикуваше Ди Канио.
Сличен беше ставот и на Дел Пиеро.
„Бенфика доминираше во текот на целиот натпревар, а последните 20 минути не даваат некаква надеж за овој Јувентус. Перформансите беа ужасни, дури и Јувентус да дадеше гол за 4:4 имам чувство дека ќе завршеше 5:4“, смета Дел Пиеро.


