Жените се повеќе подложни на негативни ефекти од пандемијата

Една од три жени смета дека ќе се соочи со тешкотии во покривање на основните трошоци поврзани со секојдневна егзистенција.

Според извештајот изготвен од „УН Вомен“ (UN Women) во Северна Македонија со цел да се процени влијанието на пандемијата предизвикана од ковид-19 врз главните предизвици со кои се соочуваат жените и мажите и да се испита како оваа нова ситуација се одразува врз социоекономската состојба и егзистенција на жените и мажите, наодите посочуваат дека жените се повеќе подложни на негативни ефекти од пандемијата, особено кога станува збор за покривање на основните трошоци за живот.

Една од три жени смета дека ќе се соочи со тешкотии во покривање на основните трошоци поврзани со секојдневна егзистенција како што е храната и најосновните хигиенски производи, и една од три жени смета дека ќе ѝ биде тешко да го покрие плаќањето на киријата и сметките за комунални услуги. Дополнително, повеќе жени споредено со мажи сметаат дека доколку продолжи кризата и рестриктивните мерки тие ќе мора да побараат помош од роднини или пријатели. Жените од руралните средини се најранлива категорија меѓу испитаниците во однос на нивната финансиска состојба. Споредбата со жените во урбаната средина покажува дека руралните жени би се соочиле со повеќе тешкотии во плаќање на основните трошоци за храна и хигиенски производи, како и во пристапот до здравствени услуги.

Исто така, наодите покажуваат дека жените од рурална средина многу повеќе би се соочиле со потребата да побараат помош од роднини/пријатели или да земат кредит. Дополнително, постојат родови разлики и помеѓу испитаниците од рурална средина каде што повторно жените се многу поранливи споредено со мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот