Жените лидери подобри во справување со Ковид-19 од нивните машки колеги  

profimedia

Премиерките му покажаа на светот како се справува со кризна ситуација.   

Странските медиуми, вклучувајќи ги и „Гардијан“ и „Форбс“ известуваат за успешноста на жените лидерки во справувањето со коронакризата. Поранешниот премиерка на Нов Зеланд, Хелен Кларк, во интервјуто за „Би би си“ рече дека успехот во справување со кризата „Ковид-19“ на жените-лидерки е во нивната способност да слушаат и во тоа што имаат помалку его од нивните машки колеги.

Актуелната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, е една од жените лидери кои добија меѓународни пофалби за справување со кризата. Ардерн многу рано ја затвори територијата, наметна 14-дневен карантин за секој што ќе влезе во земјата и спроведе строги мерки на самоизолација уште кога помалку од 150 луѓе беа заразени и ниеден починат. Нов Зеланд забележа само 18 смртни случаи; довербата на јавноста во владата на Ардерн е поголема од 80%.

Премиерката на Данска, Мет Фредериксен, делуваше подеднакво цврсто, затворајќи ги границите на земјата уште на 13 март, а следуваше затворање на градинките, училиштата, универзитети и забрана за собирање на повеќе од 10 луѓе.

Во Германија, Ангела Меркел е поздравена за директните известувања на јавноста, предупредувајќи дека ова е сериозен вирус кој ќе зарази дури до 70% од луѓето и дека ова е најголемиот предизвик на земјата од 1945 година. Германија досега забележа далеку помалку смртни случаи од повеќето земји на ЕУ.

Премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, им дозволи на научниците да донесат медицински решенија, но сметаше и дека раната самоизолација и темелната програма на нејзината земја е клучна. Ја примени иновативната идеја за употреба на телевизијата за директен разговор со децата.

Премиерката на Финска, Сана Марин – која минатата година стана најмладиот шеф на влада во светот – решително наметна строги мерки, вклучувајќи ја и забраната за сите несуштински патувања во и надвор од регионот на Хелсинки. Во борбата со коронавирусот ги искористи социјалните мрежи, на начин што повика влијателни луѓе да делат информации засновани на факти.

Претседателката на Тајван, Цај Инг-вен, реагираше подеднакво бргу, активирајќи го Центарот за епидемии на почетокот на јануари, донесе масовни мерки за хигиена, вклучително и дезинфекција на јавни површини и згради. Сè на сè, Тајван усвои 124 мерки за заштита. Инг-вен објави дека има само шест смртни случаи и сега испраќа милиони маски за заштита во најтешко погодените делови на САД и Европа.

Исланд, под раководството на премиерката Катрен Јакобсдтир, им понуди бесплатно тестирање на сите граѓани, не само на оние со симптоми. Исланд тестираше пет пати поголем број на граѓани отколку Јужна Кореја и воспостави систем на следење кој не подразбира затворање на земјата ниту на училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот