Жената треба да биде затворена дома: Учебник по социологија предизвика бурни реакции

Фото: Профимедиа/ Илустрација

На социјалните мрежи денеска се појави фотографија од учебник по социологија за втора година средно, преку кој децата се учат дека жените треба да седат дома, за да се намали можноста тие да прават кривични дела.

Според авторите на учебникот по Социологија за втора година гимназија, жената ако е затворена во домот и нема никакви…

Publiée par Ana Gligorova sur Dimanche 15 décembre 2019

Активистката Ана Глигорова објавила фотографии од делови од учебникот во кои, меѓу другото стои и дека со затворањето во домот, жената е заштитена од многу комуникации, конфликти и ангажмани.

-Ако е жената затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела. Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори- стои во учебникот кој е во употреба во последните 17 години- стои во учебникот, напишан од универзитетски професори.

Прељубата била кривично дело, а професори автори? Срамота невидена, не за прељубниците, за вас! (Учебник по Социологија за втора година гимназија)

Publiée par Ana Gligorova sur Dimanche 15 décembre 2019

Како што е наведено на социјалните мрежи, автори на овој учебник се универзитетските професори Нелко Стојановски, Милева Ѓуровска и Зоран Матевски.

Освен горенаведеното, во учебникот се споменува и дека прељубата е кривично дело и е на ист ранг со уцени, кражби, кривоклетство и недозволен абортус.

Ваквата спорна содржина предизвика жестоки критики во јавноста, а истиот учебник предизвика расправа и пред 3 години, кога на Фејсбук се појавија извадоци од истиот дека “припадниците од повисоките слоеви ги тераат своите деца да завршат елитни училишта иако немаат економски причини за тоа и дека тие можат да ги вработат своите деца без да завршат некое особено образование”.

Учебник по предметот социолигија за 2 година гимназија. Дел од лекцијата „Образованието и животните шанси“#ЛечетеСе

Publiée par Ines Efremova sur Dimanche 13 mars 2016

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот