Жената која го обвини Бајден за сексуален напад побегна во Русија

Фото твитер

Тара Рид, поранешната вработена во Сенатот која го обвини американскиот претседател Џо Бајден за сексуална злоупотреба во 2020 година, сега во интервју откри дека побегнала во Русија, поради што многумина веруваат дека таа всушност била руски шпион цело време, во срцето на Америка, пренесува „Гардијан“.

„Сè уште сум малку замаена, но се чувствувам многу добро, заштитено и безбедно“, рече Рид во интервју за рускиот портал „Спутник“.

Рид работела во службата на Бајден кога актуелниот претседател бил сенатор од Делавер. Во 2020 година, кога Бајден се кандидираше за претседател, Рид тврдеше дека во 1993 година ја турнал до ѕид во ходникот на Сенатот и сексуално ја нападнал. Тој постојано ги негираше сите овие обвинувања.

Рид сега вели дека е благодарна што Русија и обезбедила заштита во време кога не знаела дали има излез.

„Едноставно не сакав да си одам дома. Имаше две можности – да ги прифатам околностите во кои се најдов и да живеам во тој кафез или да бидам убиена“, рече таа.

Како што истакна, не и било лесно да одлучи дека е најдобро да побегне во Русија.

„Одлуката беше многу тешка, бидејќи не сум импулсивен човек, ми треба време да размислам и да ги анализирам податоците. Од она што можев да го видам врз основа на сето она што се случи и еден вид притисок дека американските функционери не сакаат да сведочам и поради изборите што претстојат во 2024 година, сфатив дека овде сум подобра и дека само овде е безбедно. Мојот сон е да живеам на двете места, но ако е можно да се живее само овде, тоа е во ред со мене“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот