Жена спасила питбул од улица во Шпанија, по неколку дена до смрт ја искасал

Фото: Pexels.com

68-годишна Британка починала во болница во Валенсија, Шпанија, откако била нападната од куче – питбул, кое, според локалните медиуми, само неколку дена претходно го нашла напуштено и го спасила.

Таа го затекнала кучето на улица и го повела со себе во нејзината куќа во провинцијата Макастро, се вели во соопштението на официјалниот претставник. Според шпанската Цивилна гарда, нападот се случил на 24 февруари, кога службите за итна помош примиле повик и се упатиле кон нејзината куќа.

Кога пристигнала брзата помош, кучето сѐ уште било во куќата, па лекарите не можеле веднаш да ѝ помогнат на жената. Набргу потоа пристигнале двајца агенти на Цивилната гарда, а едниот од нив го застрелал кучето за да можат медицинарите да ѝ пристапат на жртвата.

Жената била пренесена во болница откако се здобила со сериозни повреди на главата и раката. Според медицински извори цитирани во „Лас Провинсијас“, таа паднала во состојба на шок откако претрпела крвавење, но тие успеале да ја стабилизираат пред да ја однесат во болница.

Таа била ставена на интензивна нега и лекарите се обиделе да ја спасат, но им подлегнала на повредите.

Надлежните соопштија дека истрагата е во тек и се обидуваат да го лоцираат оригиналниот сопственик на питбулот, кој немал микрочип за идентификација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот