Ждрепка за Австралија Опен: Ѓоковиќ и Федерер во полуфиналето, тешка задача за Надал

twitter/#AusOpen

Бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Јан-Ленард Штруф.

Седумкратниот победник на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, одбраната на титулата на првиот годинешен грен слем турнир ќе ја започне против германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф. Австралија Опен започнува на 20 јануари и ќе се игра до 2 февруари.

Доколку го помине Германецот, Ѓоковиќ во второто коло го очекува пресметка со Такумо Ито или квалификант, а во третото коло може да се сретне со Даниел Еванс или Ласло Ѓере.

Првиот тежок испит за бранителот на трофејот се очекува да биде во четвртфиналето каде е проектирано да игра против Стефанос Циципас или Роберто Баутиста Агут. Во полуфиналето го очекува тениска класика и дуел со Рожер Федерер.

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Рафаел Надал, настапот на Мелбурн Парк го започнува во дуелот со Делиен од Боливија, а во неговата половина се наоѓа и сонародникот Пабло Карењо Буста. Во осминафиналето најверојатно го чека дуел со Ник Кирјос или Карен Качанов. Проектиран противник во четвртфиналето е Доминик Тим, додека во полуфиналето е Данил Медведев.

Третиот носител Рожер Федерер на стартот ќе игра со Стив Џонсон, а во второто коло може да се сретне со Филип Крајиновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот