Зендели од Беса со честитки до Алијанса: Наздравје за новото мнозинство!

Фадиљ Зендели и Арбен Таравари / Фото: Архива на Слободен Печат

За пратеникот од опозициската Беса Фадил Зендели, Алијанса за Албанците веќе е дел од новото владејачко мнозинство, бидејќи на денешната собраниска седница пратениците од Алијанса го обезбедиле кворумот за новата пленарна седница.

„Секојдневните активности на Алијанса за Албанците во Собранието ја докажуваат поддршката на парламентарното мнозинство. Ова се докажа и денеска кога власта успеа да обезбеди 61 пратеник со поддршка на Алијанса за Албанците. Преговорите за вклучување на Алијанса за Албанците во Владата се одразуваат во нивните постапки во Собранието. Наздравје за новото мнозинство“, напиша Зендели на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот