Зендели: Митрески да покаже дека не е како Џафери и Собранието да избере член на ДИК

Фадил Зендели, Беса, Фото: Архива

Бараме од претседателот на Собранието Јован Митревски, кој вчера при инаугурацијата изјави дека ќе работи во интерес на сите граѓани, итно Комисија за прашања на изборите и именувањата да одржи седница и за член на ДИК  да го предложи кандидатот од албанската опозиција,  Абдуш Демири, изјави Фадил Зендели, пратеник на Беса.

Според него со тој чин, новиот претседател на Собранието ќе докаже дека работи во интерес на сите граѓани а не во интерес на ДУИ и власта која се обидува да ги манипулира изборите.

-Актуелната влада продолжува да ја држи во заложништво демократијата во земјата. Мнозинството СДСМ-ДУИ, нарушувајќи ги сите демократски и европски вредности на државата, сака целосно да ја држи под контрола и ДИК, преку која се обидува да ги фалсификува парламентарни избори, оставајќи ја албанската опозиција без претставник во оваа Комисија. Ова дејство, освен што не е европска и демократска, е исто дејство како во Србија, каде што последните избори се многу сомнителни, а пријателот на ДУИ, Александар Вучиќ е победник, но и како во Русија, каде Владимир Путин со диктатура ја држи власта – рече Зендели.

Според него, откако главниот што го блокирал изборот на опозицискиот член во ДИК, Талат Џафери повеќе не е претседател на Собранието, на власта и даваат уште една можност да докаже дека е проевропска како што сака да се „покаже„ а не проруска како што дејствува.

-Митревски знае дека другиот кандидат е предложен од новоформираната партија, која се уште не излегла на избори и нема добиено ниту еден глас, дури и дека е партија која е дел од власта, бидејќи нејзините кадри се наградени со директорски места, само пред некое време, веројатно, откако им направија услуга на ДУИ и на власта предлагајќи кандидат до ДИК. Апелираме да  рефлектира и што поскоро да закаже  седница на соодветната Комисија и пленарната седница за гласање на кандидатот на албанската опозиција. Доколку новиот спикер на Собранието, Јован Митревски, продолжи да го блокира овој процес, исто како Талат Џафери, тогаш ќе се докажат две работи – дека ДУИ и СДСМ заедно се обидуваат да ја осакатат ДИК за да ги фалсификуваат изборите и дека нивната коалиција оди кон воведување на земјата кон комунизам – велли Зендели.

Тој додава дека ако не биде избан нивниот предлог за ДИК, албанската опозиција ќе продолжи со бојкотот на работата на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот