Земјите од Персиски Залив размислуваат за обнова на членството на Сирија во Арапска лига

Фото: ЕПА

Министрите за надворешни работи од Советот за соработка во Персискиот Залив и нивните колеги од Египет, Ирак и Јордан вчера во Џеда разговараа за евентуално обновување на членството на Сирија во Арапска лига.

Средбата се одржа на барање на Саудиска Арабија и е во рамките на иницијативата за намалување на регионалните тензии.

Министрите за надворешни работи на шест земји од Советот за соработка во Персискиот Залив (Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт, Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати) и Египет, Ирак и Јордан разговараа за тоа колку е важно арапските земји да играат поголема улога во иницијативите за решавање на кризи, се наведува во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи.

Дел од арапските држави, вклучително и регионалните сили како Египет и Обединети Арапски Емирати во меѓувреме ги подобрија односите со Сирија.

Членството на Сирија во Арапската лига беше суспендирано од 2011 година, откако режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со воена сила се обиде да ги задуши продемократските протести и ја вовлече земјата во граѓанска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот