Земјата е покриена со вода, но колку од оваа драгоцена течност се крие во кората на нашата планета?

Водата покрива речиси три четвртини од површината на Земјата. Но, колку вода се крие под земја во кората на планетата?

Студијата од 2021 година во списанието „Geophysical Research Letters“ покажа дека повеќе од водата на Земјата се задржува всушност под земја во почвата или во порите во карпите – познати како подземни води.

„Има приближно 43,9 милиони кубни километри вода во Земјината кора“, изјави Грант Фергусон, хидрогеолог од Универзитетот во „Саскачеван“ и главен автор на студијата за 2021 година, за „Live Science“.

За споредба, мразот на Антарктикот содржи околу 27 милиони кубни км вода; во Гренланд, околу 3 милиони кубни км; и во глечерите надвор од Антарктикот и Гренланд, 158.000 кубни км, забележа студијата од 2021 година.

Океаните на Земјата остануваат најголемиот резервоар на вода на планетата, со околу 1,3 милијарди кубни километри.

„Плитките водоносни слоеви на подземните води, кои се претежно свежа вода, се користат за пиење и за наводнување. Спротивно на тоа, длабоките подземни води се солени и не можат лесно да циркулираат или да течат на површината, што во голема мера ја отсекува од остатокот од водата на планетата“, велат научниците.

Сепак, релативната изолација на длабоките подземни води значи дека, на некои места, оваа солена вода е заробена долги временски периоди штопак значи дека може да понуди вреден увид во минатото на Земјата.

„Знаеме многу малку за овие води на длабочини поголеми од неколку километри, што ги прави погранична област за науката“, велат научниците.

Покрај тоа, овие древни води може да поддржуваат микробиолошки екосистеми кои се уште се активни денес. Ваквите длабоки биолошки заедници може да фрлат светлина врз тоа како животот еволуирал на нашата планета и како тој би можел да се развие на други светови кои веројатно имаат вода длабоко под нивните површини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот