Зеленски во посета на Букурешт, ќе разговара за безбедносната соработка во регионот на Црното Море

Зеленски / Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека пристигнал во Букурешт на разговори со романскиот претседател Клаус Јоханис за безбедносната соработка во регионот на Црното Море.

„Ќе разговараме за понатамошна безбедносна соработка, развој на воздушни и други коалиции, зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, безбедносната архитектура на Црното Море и нашите односи со партнерите“, напиша Зеленски на платформата Икс.

„Романија е пријател кој ни дојде на помош во најтемниот момент и чија поддршка со текот на времето станува се посилна. Сигурен сум дека оваа посета ќе биде од корист за двата наши народи“, додаде тој.

Ова е прво патување на ЗеленскиРоманија откако Русија ја нападна Украина во 2022 година. Романското црноморско пристаниште Констанца беше главната алтернативна извозна рута на Киев за жито откако Русија се откажа од договорот во средината на јули, кој дозволуваше безбедни украински пратки преку Црното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот