Зеленски: Украина е подготвена да ја гранатира територијата на Русија

Фото: Јутјуб/принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, со остра порака се обрати кон Владимир Путин, потенцирајќи дека Украина е подготвена да изврши напад на руска територија.

Оваа изјава ја потврди и секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Алексеј Данилов.

-Подготвени сме на сè. Ако нешто се однесува на нашите интереси, никого нема да прашаме ништо за тоа каде да го победиме нашиот непријател. Нашиот непријател се протега од нашите граници сè до Владивосток, рече тој.

Украинските сили го гранатираа брегот на Енергодар со оружје од голем калибар, а беа истрелани вкупно најмалку 15 проектили, изјави Владимир Рогов, претставник на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот