Зеленски очекува праведен крај на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев „ја почитува и целосно ја поддржува“ заедничката изјава на европските лидери за постигнување мир во Украина, а воедно и заштита на украинските и европските интереси.

Француските, италијанските, германските, полските, британските, финските и лидерите на Европската комисија ги поздравија напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се обиде да ја заврши војната, но ја нагласија потребата да се изврши притисок врз Русија и да се обезбедат безбедносни гаранции за Киев.

„Крајот на војната мора да биде праведен и им сум благодарен на сите што денес стојат покрај Украина и нашиот народ за мир во Украина, кој ги брани виталните безбедносни интереси на нашите европски народи“, напиша Зеленски на Икс.

„Украина ја почитува и целосно ја поддржува изјавата на претседателот Макрон, премиерката Мелони, канцеларот Мерц, премиерот Туск, премиерот Стармер, претседателката Урсула фон дер Лајен и претседателот Стуб за мир за Украина.“

Средба Трамп-Путин

Трамп треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во петок во Алјаска. Тој се залага за договор што би можел да го реши три и полгодишниот конфликт.

Зеленски и неговите европски сојузници предупредија дека секој договор што бара од Украина да предаде значителни делови од својата територија само ќе ја охрабри руската агресија.

Европејците до Трамп – Путин: Крај на Јалта

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот