Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER

Зеленски: Барањето на Москва рускиот јазик да биде признаен како официјален во Украина има за цел да ги комплицира преговорите

Украина има државен јазик – украински, изјави претседателот Володимир Зеленски како одговор на барањето на Москва рускиот јазик да стане втор официјален јазик во земјата, објавија украинските медиуми.

Коментирајќи ги тврдењата на Русија дека Крим и Донбас не се коренските причини за војната и нејзиното барање рускиот јазик да добие официјален статус, Зеленски рече: „Имаме државен јазик – украински. Русија може да каже што сака. Верувам дека овие барања се насочени исклучиво кон поставување ултиматуми и комплицирање на процесот на преговори“.

Неодамна, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека долгорочен договор за завршување на војната во Украина би бил невозможен доколку Киев не ги земе предвид руските интереси во областа на безбедноста и правата на „рускојазичното население“.

Украинската комесарка за заштита на државниот јазик Олена Ивановска одговори дека барањата на рускиот претседател Владимир Путин да му се додели официјален статус на рускиот јазик и да се легитимира Московската патријаршија се неприфатливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот