Зеќири: Алијанса нема да отстапи од борбата против криминалот, надлежните да ги истражат заканите

Арбен Зеќири, портапрол на АА Фото: АА

Алијанса за Албанците денеска ги повика Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да ги истражат наводите за закани врз раководството и вработените во Агенцијата за управување со одземен имот за што пред три дена на прес-конференција информираше директорот на Агенцијата Дритон Небиу.

– Деновиве криминалци потврдени со судски решенија им се заканувале на вработените и на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу. Сакаме да ве известиме дека зад директорот Небиу стои целата Алијанса за Албанците, целото Претседателство и сите членови. Безрезервно го поддржуваме нашиот директор кој неодамна, како никој досега после 10 години успешно продава имот конфискуван од криминалци и корумпирани поединци. Секоја закана и секој обид за заплашување е неуспешен од самиот почеток. Директорот Дритон Небиу, Алијансата за Албанците и сите функционери избрани од Алијансата за Албанците нема да застанат. Напротив, секој проект против криминалот и корупцијата ќе го реализираме, секој одземен имот ќе се продава и парите ќе им се враќаат на граѓаните до последен денар – вели Арбен Зеќири, портпарол на АА.

Во средата, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу на прес-конференција соопшти дека вработените во Агенцијата се мета на закани и вознемирувања поради обидите да продадат конфискуван имот што во моментот е на аукција, без притоа да прецизира за чиј имот се работи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот