Зехофер: Опасноста од десничаркиот екстремизам во Германија е голема

Фото: МИА

„Опасноста од десничарски екстремизам, антисемитизам и расизам во Германија е многу голема“, констатира тој.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска оцени дека злосторството во градот Ханау било јасно расистички мотивиран терористички напад.

Зехофер укажа дека станува збор за трет десничарски терористички напад во последните пет месеци.

-Опасноста од десничарски екстремизам, антисемитизам и расизам во Германија е многу голема, констатира тој.

Зехофер најави нови мерки за заштита на населението од терористички напади. По вчерашниот десничарски терористички напад во двата наргиле барови во Ханау, тој најави засилено присуство на полицијата пред џамиите во земјата.

-Сојузната полиција ќе ги поддржи покраинските чувари на редот, додаде тој.

Поголемото присуство на полицијата најави и на сите железнички станици, аеродроми и во пограничниот простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот