Заврши летната градежна офанзива во Општина Бутел

Реконструкција и асфалтирање на улици, изградба на нови спортски комплекси, нови фудбалски игралишта, почеток на градежните работи за изградба на нова детска градинка. Ова се само дел од проектите кои биле реализирани на територија на Општина Бутел во текот на изминатиот период, информираат од локалната самоуправа.

– Инвестиравме во патната инфраструктура како никогаш до сега, се реконструираа голем број на улици, а некои за прв пат добија и асфалт. Секое населено место доби нова патна инфраструктура. Целосно реконструирана е улица Скоевска во должина од 2000 метри, моментално целосно се реконструира улица Бутелска која беше децениски проблем за бутелчани. Инвестиравме во спортот, во нови спортски комплекси, нови фудбалски игралишта. Продолживме со нови инвестиции во образованието во општинските основни училишта – истакна градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски давајќи отчет пред граѓаните за сработеното во летниот период.

Меѓу другото Костовски потсетува и дека на терен започната е и изградбата и нова градинка во општина Бутел.

– Но крајот на летото не значи и крај на нашите проекти. Напротив продолжуваме со посилна динамика и со реализирање на ветените проекти кон нашите сограѓани. За многу скоро ќе бидат завршени уште два нови спортско рекреативни комплекси, ново модерно игралиште во Бутел 2, ќе се асфалтираат улици согласно временските можност и многу други проекти кои граѓаните на општина Бутел ги очекуваат – стои во објавата на градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот