Заварени шахти во Скопје/ Фото: Слободен печат

Заварени шахтите на Партизанска: Чија безбедност штити МВР?

Екипите на „Водовод и канализација“ ги заварија сите шахти на тротоарите и на коловозот по должина на булеварот Партизански одреди. Сега, доколку има некој дефект или невреме од поголеми размери, шахтите ќе треба да се кршат.

Вообичаено ова се прави за зголемување на безбедноста на улицата.

Заварени шахти во Скопје/ Фото: Слободен печат

На прашањето до јавното претпријатие „Водовод и канализација“ по чиј налог ги извршиле овие активности, одговараат дека тоа е направено по наредба на МВР.

Шахтите се заваруваат по наредба на МВР и тоа е така со години, велат од „Водовод и канализација“.

Од Министерството, иако побаравме објаснување, засега не одговараат на прашањата поради кои причини побарале да се заварат шахтите по тротоарите и коловозот на Партизанска, дали сметаат дека улицата е небезбедна и за кого процениле дека е небезбедна. Се надеваме дека сепак ќе дадат некакво објаснување затоа што граѓаните имаат право да знаат чија безбедност се штити со ваквиот потег.

Заварени шахти во Скопје/ Фото: Слободен печат

Последен  пат, според безбедносен протокол, шахтите беа заварени во 2019 година кога во посета на државата дојде Папата Франциск и тоа беше спроведено само на градскиот плоштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот