Затворски полицаец времено ослободил затвореник и со своето возило го возел накај Јосифово

гоце делчев полиција затворена улицата кај св. Спас
Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово денеска на пладне ги лишиле од слобода Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, Струмичко.
Како што соопшти МВР, лицата биле лишени од слобода на крстосницата кај село Чалакли, Валандовско.
Р.М. кој денеска во периодот од 7.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор-Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно решение. Двајцата со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, Валандовско.
За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот