Затворена една од најголемите пиратски веб-страници

Фото Принтскрин

Антипиратската алијанса (Alliance for Creativity and Entertainment) успеа да го затвори сајтот „Extreme Download“, кој беше еден од најголемите светски сервиси за преземање нелегални содржини. „Extreme Download“ беше втората најпопуларна пиратска веб-страница во Франција, од каде што беше иницирана акцијата за нејзино исклучување, пренесува Bug .

„Extreme Download“ постоел околу 15 години и долго време се бореше против антипиратските агенции, кои се обидуваа да го исклучат. Луѓето кои стоеле зад веб-страницата често ги менувале домените, ги избегнувале блоковите на француските интернет провајдери и деиндексирањето од „Гугл“, но конечно биле затворени кога бил откриен главниот оператор на страницата. Станува збор за Тунижанец, кој ја водел страницата од островот Џерба. Откако бил откриен, сопственикот на страницата ги предал сите свои домени на здружението АСЕ.

Таа веб-страница нудела повеќе од 40.000 наслови, т.е. различни филмови и серии, во нивната оригинална форма и локализирани на француски јазик. Услугата бележи меѓу 14 и 15 милиони посетители месечно. Освен од Франција, најмногу сообраќај генерирале корисници од Белгија, Канада и Швајцарија, односно од француското говорно подрачје.

Успешната акција за исклучување здружението ACE ја прогласи за голема победа за заштита на авторските права во франкофонските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот