Затвор наместо условна казна за виновникот за сообраќајката кај „Млечен“ во Скопје

Наташа Димитриевска поденсува претставка во Судски совет / 07.09.2020 / Скопје / Фото: Слободен печат.

Апелациониот суд во Скопје ја уважил жалбата на обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска за трагичната сообраќајка кај „Млечен ресторан“ од пред три години, па наместо условна казна за возачот, пресуди две години затвор.

Како што е познато, возачот Васил Чорбаџиев на 12 октомвти 2018 година на улицата кај „Млечен ресторан“ го усмрти 32-годишниот Гоце Димитриевски од Тетово, а неговата бремена сопруга Наташа Апостолоска тешко ја повреди, поради што таа го загуби детето.

Токму во септември лани возачот Чорбаџиев беше првостепено осуден на условна затворска казна. Таа казна беше пресудена, откако и судот и обвинителството се сложија дека делото било од небрежност, а не со умисла.

Основното јавно обвинителство потоа до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата, кои тогаш побараа затворска казна за обвинетиот, додавајќи дека првостепениот суд ставил акцент на олеснителните наспроти отежнителните околности при носење на пресудата. Кон крајот на декември, во Скопје беше одржан и протест поради условната казна за виновникот, кој гласеше „Правда за Гоце“.

За преиначување на пресудата преку социјалните мрежи се огласи и Наташа. „Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас.

Апелацискиот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај „Млечен“ и одлучил Васил да оди две години во затвор и две години да не управува патничко моторно возило, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Димитриевска.

 

Со мото протест се бара правда за Гоце – револт поради условната казна за сообраќајката кај Млечен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот