Засилување од 45 милиони евра: Тимбер е новото име во тимот на Артета

Фото: Arsenal FC

Англискиот вицешампион од минатата сезона, Арсенал денес го претстави засилувањето од Ајакс вредно 45 милиони евра.

Нов фудбалер во тимот на Артета е Јуриен Тимбер. Тимбер со Арсенал потпиша договор на пет години и се очекува да биде големо засилување за „топџиите“ во новата сезона.

Тимбер во Арсенал пристигнува по 121 натпревар во дресот на Ајакс со кој освои две титули во првенството и една во Купот.

Покрај Тимбер, се очекува наскоро Арсенал да го претстави и Даклан Рајс од Вест Хем за кого „топџиите“ ќе платат 122 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот