Засадени 2000 садници бор, чемпрес и даб на локалитетот „Крст“ во Кучково

Фото: општина Ѓорче Петров

На локацијата „Крст“ во Кучково засадени се 2000 млади садници кои, како што вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на долг рок треба значително да придонесат за чист воздух на ова туристичко место. Акцијата за пошумување е спроведена на иницијатива на компанијата „Џонсон Мети“ и во неа учествувале и 130 вработени во компанијата, која според градоначалникот, одново покажала општествена одговорност кон заштитата на животната средина.

Реализираме нова голема акција за зазеленување на село Кучково! Заложбите на Општина Ѓорче Петров за зелена и чиста еколошка средина се остваруваат плански, и согласно временските услови. Го подобруваме еколошкиот статус на локалниот еко-осистем и делуваме како пример во заедничкото „креирање на зеленилото“. Засадени беа црн бор, бел бор, аризонски чемпрес и даб. По засадувањето на дрвцата, заедно продолживме во уште една акција – собирање отпад од истата локација. Ова е наш симболичен придонес како граѓани кон сочувување на екологијата – рече Стојкоски.

Тој апелира до постителите на локалитетот да внимаваат на хигиената и да ја користат правилно урбаната опрема.

Неодамна беа засадени 150 паркови дрва на две локации во Ѓорче Петров, односно на Кејот на реката Вардар и во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот