Заради ситуацијата на Халкидики, Мицотакис откажа средби – Слободен печат
ВестиРегион

Заради ситуацијата на Халкидики, Мицотакис откажа средби

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето што одзеде шест животи, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис беше планирано во 10.30 часот да се сретне со поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, а час подоцна да го посети Министерството за образование.

Поради ситуацијата на Халкидики, овие средби се откажани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close