Започнуваат уписите на УКИМ

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година.

Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10.710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5.402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4.273 и за вонредни студенти слободни се 1.035 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содржани во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а  третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот