Почнува реконструкцијата и реставрацијата на Аја Софија

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турската влада одлучи да започне со долгоочекуваното реновирање и реставрација на поранешната православна црква во Истанбул, претворена во џамија, Аја Софија, откако беше забележана значително оштетување и внатрешно и надворешно од византискиот споменик од 6 век.

Некои експерти зборуваат за долгорочен проект кој би можел да трае со децении.

Сепак, постои загриженост кај некои средини во Турција кои се сомневаат дека можеби политиката стои зад одлуката, па Света Софија е затворена на подолг период и не функционира како џамија.

Политичките аналитичари потсетуваат дека во исто време кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2020 година одлучи да ја претвори Аја Софија од музеј во џамија, иста таква одлука беше донесена и за манастирот Хора (Карије), но таа не беше спроведена, бидејќи одеднаш неочекувано ја затворија со образложение за реставрација.

Турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој, пак, од своја страна изјави дека Света Софија ќе остане отворена и ќе функционира и како џамија, пишува „Катимерини“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот