Фото: Министерство за здравство

Заменичката на Меџити, Манолева, не се согласува со разрешувањето на Јовев

Заменичката на министерот на здравство, д-р Маја Манолева, не се согласува со одлуката и начинот на разрешување на досегашниот директор на Клиниката за кардиохирургија, проф.-д-р Сашко Јовев од функцијата.

Манолева за „Канал 5“ изјави дека сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи, наведувајќи дека не ги знае причините зошто министерот Фатмир Меџити се решил на ваков потег.

„Не се соогласувам ниту со одлуката за разрешување, ниту пак со начинот на кој беше разрешен. Сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи. И како човек и како носител на јавна функција, дотолку повеќе што не ги знам причините за разрешувањето на професорот Јовев“, вели доктор Манолева.

Разрешувањето на д-р Јовев предизвика лавина од реакции во јавноста. Министерот во своите јавни настапи наведува дека го разрешил директорот поради големи злоупотреби со работното време и во менаџирањето со клиниката, додека д-р Јовев и неговиот адвокатски тим велат дека зад разрешувањето стојат политички мотиви и реваншизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот